Top Sport

Хамилтон ги „реши“ проблемите со ФИА – го отстрани пирсот од носот во Силверстоун

Седумкратниот светски шампион, асот на Мерцедес, Луис Хамилтон очигледно реши да попушти на барањето на ФИА да го отстрани целиот накит за да не му се заканува исфрлање од Ф1 трките, почнувајќи од домашното Британско ГП.

Новите директори на трки на ФИА решија оваа сезона да го применат долгогодишното правило со кое се забранува носење било каков накит во текот на трките поради безбедносни причини, но Хамилтон прво се опираше на ова велејќи дека е невозможно да го отстрани пирсот од носот. Но, ФИА на трката во Монако му даде две трки на возачот на Мерцедес да почне да ги почитува правилата, и денеска тој се појави на тренинзите пред Британското ГП со отстранет пирс.

Пред трката, Хамилтон изјави дека забраната е „бесцелна“ поради поважни работи кои се случуваат во Ф1, како расистичките изрази кои ги користеше Нелсон Пике кон него.

„Со целата почит, мислам дека е лудо да се мисли на тоа, со сите работи кои се случуваат во светот. Имаме поважни проблеми“, изјави Хамилтон.

Scroll to Top