Top Sport

Допинг-скандал на стартот на Тур де Франс, се вклучи и Европол!

Европската полициска организација Европол објави дека направиле рации на 14 локации низ Европа оваа недела поради „основани сомнежи за опингување во велосипедски тим кој учествува на Тур де Франс“, правејќи голем скандал пред стартот на најпознатата велосипедска трка на светот, која оваа година почува од Данска.

Оваа објава доаѓа откако вчера данската полиција, по барање на француските власти, влезе во хотелот на тимот „Бахреин-Викториус“ во Копенхаген. Европол пак, објави дека извршиле рации во Франција, Белгија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Италија и Полска од понеделникот до четвртокот.

„Беа испитани повеќе личности, а истрагата уште трае додека доказите кои беа запленети не бидат испитани“, објавија од Европол.

Вчера навечер, откако тимот „Бахреин-Викториус“ објави дека нема запленето материјали, од француското обвинителство објаснија дека се запленети телефони, компјутери и медицински средства.

Scroll to Top