Top Sport

Четири фудбалери на Милан казнети за навредливата прослава на скудетото

Тео Ернандез, Раде Круниќ, Мајк Мањан, Сандро Тонали, но и клубот Милан се казнети за однесувањето за време на прославата на освоеното скудето и навредливите пораки кон градските ривали од Интер.

Првата титула по повеќе од една деценија се прослави на улиците на Милано, каде што фудбалерите го покажаа трофејот од автобусот, но мала дамка на славјето беа навредливите пароли кон Интер, како и одредени фудбалери на градскиот ривал. Посебно забележлива беше паролата: „Ставете си го купот во задникот“ која ја добија од навивачите и која директно беше насочена кон „нераѕурите“, кои го освоија Купот на Италија.

Круниќ доби казна од 5.000 евра, додека преостанатите тројца ќе бидат „олеснети“ за 4.000 евра, додека Милан ќе треба да плати 12.000 евра на Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ).

Парадата на Милан со провокација за Интер: Ставете си го Купот во задникот

Scroll to Top