Top Sport

Раиконен: Во Алфа Ромео знаат дека ако ми „плачат“, веднаш си одам

Ветеранот Кими Раиконен вели дека неговиот тим Алфа Ромео нема да го спречи да учествува во опасни активности и се потсмева со шпекулациите дека во неговиот договор има таква клаузула.

39-годишниот поранешен светски шампион е познат по својата љубов кон рели трките и мотокросот, а неодамна скокна од зграда во базен.

„Не сум го прочитал мојот договор бидејќи не вреди толку. Кога зборував првпат со нив им кажав дека ако плачат за било што, тогаш нема да бидам со нив повеќе. Има многу опасни работи во животот. Секако, секогаш сум внимателен“, вели Раиконен за унгарскиот магазин „Везес“.

Светскиот шампион од 2007 дојде во Алфа Ромео од Ферари и има договор и за следната сезона, но не планира да остане во спортот по пензионирањето.

„Политиката во Ф1 не е за мене. Газдите ’Либерти медија’ се справуваат со повеќе работи од одредени држави на планетава“, додава Раиконен.

Scroll to Top