Top Sport

Мурињо повторно се соочува со казна од страна на англиската ФА

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, со соочува со истрага од страна на англиската Фудбалска асоцијација (ФА) поради неговите коментари за телевизиските камери, направени по победата над Њукасл од 3:2 во саботата, пишува ESPN.

Португалскиот тренер беше снимен како дава изјава по завршувањето на натпреварот, додека се движел кон тунелот кој води до соблекувалните на Олд Трафорд.

ФА сега треба да одлучи дали неговите коментари, кои биле направени на неговиот мајчин португалски јазик, се навредливи и бараат понатамошна акција.

Педесет и петгодишниот Португалец, кој во последниот период се наоѓа под голем притисок поради резултатите на неговиот тим, може да биде казнет за навредлив јазик.

Во 2011 година, тогашниот напаѓач на Јунајтед, Вејн Руни, беше казнет со забрана од два натпревари поради пцовки направени во етер, откако постигна гол против Вест Хем.

Scroll to Top