Актуелниот светски шампион во Формула 1 Луис Хамилтон рекол дека тој и римот се мотивирани да ја продолжат серијата на успешни резултати.
Мерцедес и неговите возачи доминираат во последните шест години во Формула 1. Вчера Хамилтон и Ватери Ботас на патеката во Силверстон го покажаа новиот болид на Мерцедес „В11“.
„Ова е моја осма година со овој тим, возбудата е иста како и секогаш. Екипата е мотивирана. Тое е најипресивното нешто. Лесно е да се опуштиме, но останатите се мотивирани и концентрирани, возбудени и подготвени за нови предизвици“, рекол британецот.
На екипата и е дозволено да помине 100 километри пред да го однесат болидот во Шпанија на тестирањата кои ќе започнат на 19 февруари.
Хамилтон сезоната ќе се обиде да ја освои својата седма шампионска титулата со што би се израмнил со Михале Шумахер на вечната листа. Неколкумина возачи сезонава ќе претендираат на тронот на кој се наоѓа Хамилтон, а прогнозите се дека Макс Ферстапен ќе му биде најголем конкурент.
„Дефинитивно е еден од најдобрите, но не е Бог. Можеби Бог е со него, но тој не е Бог“, рекол Ферстапен.
Хамилтон рекол дека таа изјава му е забавна.
„Секогаш зборувам на патеката. Мислам дека тоа е знак на слабост“.
Новата сезона во Формула 1 ќе започне на 15 март во Мелбурн.