Мерцедес нема да ја тужи ФИА пред Меѓународниот суд. Откако ФИА ги отфрли двете жалби на Мерцедес, веднаш по завршувањето на трката во Абу Даби, од овој тим најавија тужба против ФИА.
Британските медиуми објавија, дека седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон, им порачал на луѓето од Мерцедес, дека не сака да дојде до осмата титула по судски пат.
Хамилтон, кој џентлменски го прифати поразот, сметал дека најдобро решение за сите е Мерцедес да не се влечка по Меѓународните судови. Побарал од тимот да се насочат кон новата сезона.
Луис Хамилтон, вчера, на церемонија во замокот Винздор, официјално стана витез на Обединетото Кралство.