Top Sport

Блажевиќ: Бев будала кога реков дека Просинечки нема да биде врвен играч

Трансферот на Роберт Просинечки од Динамо во Црвена звезда обележа една епоха во југосовенскиот фудбал. Во 1987 година, Просинечки, од страна на легендарниот тренер Мирослав Ќиро Блажевиќ, беше означен како недоволно потребен. Во Црвена звезда беше имаше голем придонес во освојувањето на трофејот во Купот на шампионите.

Блажевиќ, 34 години подоцна, реши да открие како навистина се случил трансферот на Просинечки во Црвена звезда. Потврдил дека навистина рекол дека „ќе ја искине дипломата доколку Просинечки стане врвен фудбалер“.

„Новинарите пишуваа дека сум будала, дека не сум успеал да видам за каков талент се работи. Секако дека го видов тоа. Игравме натпревар со Железничар во Загреб, пред мечот потпишавме договор со Просинечки. Тој играше, постигна гол. Сега ќе откријам нешто што досега не сум го кажал. Жал ми е што неговото здравје, како и моето, не е добро и време е по 34 години луѓето да ја слушнат вистината. Анте Павловиќ го поништи тој договор. Рече дека договорот не е потпишан во просториите на Сојузот. Ни кажа дека не можеме на улица да потпишуваме договор. Искрено не знаев дека тоа не е дозволено.И така тој го однесе Просинечки во Црвена звезда“, открил Блажевиќ во интервју за „Спортске новости“.

Потоа проговорил и за култната изјава дека Просинечки нема да биде врвен играч.

„Тоа го кажав во периодот кога помеѓу родителите на Просинечки и Бобан, владееше неверојатен антагонизам. Беа големи таленти, а го имаа тој проблем. Полудував од односот кој владееше помеѓу Маринко Бобан и Ѓуро Просинечки.Сите можеа да видат дека тие двајца се бисери, но се пак јас на сега покојниот радио-новинар, Ивица Јуришиќ, му кажав дека Просинечки никогаш нема да биде фудбалер. Бев будала, млад, сега тоа би го кажал некој неискусен млад човек. Јас тоа го направи како дел од стратегијата да ја извадам целата ситуација. Сепак, најважно во целата работа беше дека Павловиќ го однесе Просинечки во Белград. Прашајте го Просинечки“, заклучил Ќиро.

По Црвена звезда Просинечки имаше блескава кариера во Реал, Барселона, Севилја, Стандард, а во едне момент се врати во Динамо.

Scroll to Top