Top Sport

Хамилтон: Не сум видел побрз болид од тој на Ред бул оваа сезона

Луис Хамилтон, возачот кој шест од своите седум титули ги освои со доминантниот болид на Мерцедес, смета дека овогодишниот болид на Ред бул е најбрзиот болид кој го видел во својата кариера.

Откако Ред бул стигнаа до 1-2 победи на првите две трки од сезоната во Бахреин и Саудиска Арабија, нема сомнеж дека конкуренцијата е далеку зад „бикот“, посебно откако Макс Ферстапен стартуваше од 15. место на стартот и удобно стигна до второто место. Хамилтон со Мерцедес заврши на петтото место, зад неговиот колега Џорџ Расл.

„Дефинитивно не сум видел болид кој е толку брз. Мислам дека и ние кога победувавме бевме брзи, но не бевме толку брзи. Сигурно ова е најбрзиот болид кој сум го видел, посебно во споредба со другите. Не знам како или зошто, но кога дојде до мене имаше сериозна брзина. Дури не се обидов да го блокирам поради огромната разлика во брзината. Сите сакаат блиску тркање, но тоа не е возможно во моментов. Уште сме многу далеку од Ред бул“, вели Хамилтон.

Scroll to Top