Top Sport

Јунајтед тргнуваат по дефанзивецот на Монако, Аксел Дисаси

Манчестер јунајтед очигледно веќе не планираат на својот капитен Хери Мегваер, ниту на Виктор Линделоф, откако „Дејли мејл“ тврдат дека првата цел во летниот преоден рок ќе биде дефанзивецот на Монако, Аксел Дисаси.

25-годишниот Дисаси беше повикан во француската репрезентација за мечевите од квалификациите за ЕУРО 2024 како замена за повредениот Вилијам Салиба. Дисиси има договор со Монако до 2025 година, но клубот е подготвен да го продаде за сума од над 50 милиони евра.

Според „Дејли мејл“, во Јунајтед не се сигурни дали ќе ги заддржат Линделоф и Мегваер на крајот на сезоната, и бараат сигурен заменик на Рафаел Варан.

Scroll to Top