Top Sport

Хамилтон нема да ги вади пирсовите: Треба да ми го исечат десното уво!

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон им порача на новите директори за трки во Ф1 дека ќе продолжи да вози со своите пирсови и покрај нивната наредба, додавајќи дека ќе мора да му го исечат десното уво ако сакаат да ги почитуваа правилата.

Иако Ф1 официјално забранува пирсови и друг накит од 2004, еден од двајцата нови директори за трки, Нилс Витих пред Австралиското ГП им порача на возачите да го почитуваат правилото, по што следуваше и двочасовен состанок со возачите.

Витих и ФИА тврдат дека се работи за прашање на безбедност на возачите, но Хамилтон возеше во Мелбурн со пирс во двете уши и во носот и порача дека нема да ги почитува правилата.

„Немам план да ги отстранам. Тоа се лични работи и треба да можеш да бидеш тој што си. Има работи кои не можам да ги поместам. На пример во десното уво се залепени, така што треба да ми го исечат да ги отстранат. Пирсовите остануваат“, изјави 37-годишниот ас на Мерцедес.

Ф1 го потсети Луис Хамилтон дека мора да го извади пирсингот пред секоја трка

Scroll to Top