Top Sport

Имобиле со хет-трик, Лацио ја растури Џенова

Капитенот Чиро Имобиле повторно беше на висината на својата задача, за со хет-трик да ги предводи Лацио до 4:1 победа на гостувањето кај Џенова за враќање на петтото место во Серија А пред градскиот ривал Рома.

Адам Марушиќ ги донесе гостите во водство во 31. минута во мечот, пред Имобиле да го постигне својот прв гол во финишот на полувремето. Имобиле во 63. минута зголеми на 0:3, пред Патрик да си постигне автогол само пет минути подоцна. Точка на мечот со хет-трик го комплетираше Имобиле во 76. минута.

Ова беше 24. гол во Серија А за Имобиле, со што се искачи на 14. место на вечната листа на стрелци во италијанската елита со 179 голови, еден повеќе од Џампјеро Бонипетри.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top