Шефот на Мерцедес, Тото Волф објаснува дека преговорите за нов договор со Луис Хамилтон одат одлично, и е сигурен дека четирикратниот светски шампион нема да направи ненадејна одлука и ќе се повлече од Формула 1.
Минатата зима, Мерцедес итно бараа замена за Нико Розберг, откако шампионот се пензионираше четири дена откако ја освои титулата со уште две години од неговиот договор. Мерцедес го донесе Валтери Ботас, откако го откупи неговиот договор со Вилијамс. Сегашниот договор на Хамилтон истекува на крајот на 2018 година.
„Знаеме дека Луис има слободен дух. Не сака да биде поставен во кутија со луѓе кои му кажуваат како треба да се однесува еден тркач. Клучот на соработката е да го оставиме слободен да одлучува што сака. Можеби ќе сака да прави нешто сосема различно за две-три години, но верувам дека ќе ја штити структурата и нема да замине ненадејно“, вели Волф.
Тој додава дека договорот е во „завршни“ фази и дека наскоро ќе има „бел чад“ од оџакот, како при изборот на папи во Ватикан.