Top Sport

Ренато Санчес во Лил пречекан како мега-ѕвезда (видео)

Поранешниот освојувач на наградата „Златно момче“ за најдобар млад фудбалер, Ренато Санчес пристигна во Лил, каде што ќе потпише договор со францускиот клуб, ставајќи крај на кошмарните неколку сезони.

22-годишниот Санчес блесна за португалската репрезентација на Европското првенство во 2016 година, по што направи трансфер од Бенфика во Баерн Минхен, но неговиот потенцијал никогаш не го искористи.

Баварците го пратија на „калење“ во Свонси сити во Премиер лигата во 2017/18, но таму ситуацијатa беше уште полоша и клубот испадна во втората лига. Лани, тој се врати во Баерн, но не успеа да се наметне во првиот тим и имаше само 24 настапи во сите натпреварувања.

Scroll to Top