Top Sport

Хамилтон побарал Мерцедес да не се жалат за да се сочува репутацијата на Ф1?

Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон побарал од шефот на Мерцедес, Тото Волф да се повлече протестот за резултатот на контроверната последна трка, Абу Даби ГП, во која тој ја загуби титулата во последниот круг од Макс Ферстапен, тврдат холандските и британските медиуми.

Мерцедес веднаш поставија два протести, еден за обидот на Ферстапен да го помине Хамилтон при заминувањето на безбедносното возило во последниот круг, и еден за одлуката да се пуштат болидите кои беа претекнати цел круг да ги поминат двајцата лидери, но двете беа одбиени од страна на стјуардите.

Сепак, Мерцедес го зачуваа правото да протестираат пред Судот на ФИА, за што треба да донесат одлука до четврток, кога се доделуваат титулите на гала-вечера. Хамилтон наводно веднаш побарал од Волф да нема официјален протест, иако Мерцедес зачудувачи го донесоа адвокатот Пол Херис, кој претходно ги застапувал Манчестер сити и Ливерпул, беше со нив во текот на целиот викенд на патеката Јас Марина.

Според „Тајмс“, пак, во германскиот тим, и во матичната компанија Дајмлер, повеќе се наклонети кон откажување од протестот за да се сочува репутацијата на Формула 1.

Scroll to Top