Луис Хамилтон ги загрижи своите фанови на социјалните мрежи, откако на Инстаграм постави „загрижувачка“ порака дека е подготвен да се „предаде“ од светот.
Британецот во неделата заврши трет на Јапонското ГП, но е на чекор до шестата светска титула, но неговата порака очигледно нема никаква врска со Формула 1. Пред да ја објави приказната на Инстаграм, тој имаше неколку постови за екологија и за веганство, две каузи кои во последно време му се блиски.
„Искрено, блиску сум да се предадам од сè. Целосно да е затворам. Зошто да се грижам, кога светот е во таква мешаница, а луѓето воопшто не се грижат. Ќе искористам некое време далеку да ги соберам моите мисли. Благодарност до тие од вас кои уште се грижат за светот“, напиша Хамилтон.