Top Sport

Хамилтон подготвен да се „откаже од сè“

Луис Хамилтон ги загрижи своите фанови на социјалните мрежи, откако на Инстаграм постави „загрижувачка“  порака дека е подготвен да се „предаде“ од светот.

Британецот во неделата заврши трет на Јапонското ГП, но е на чекор до шестата светска титула, но неговата порака очигледно нема никаква врска со Формула 1. Пред да ја објави приказната на Инстаграм, тој имаше неколку постови за екологија и за веганство, две каузи кои во последно време му се блиски.

„Искрено, блиску сум да се предадам од сè. Целосно да е затворам. Зошто да се грижам, кога светот е во таква мешаница, а луѓето воопшто не се грижат. Ќе искористам некое време далеку да ги соберам моите мисли. Благодарност до тие од вас кои уште се грижат за светот“, напиша Хамилтон.

Scroll to Top