Пред денешното „вистинско“ Бразилско ГП во Интерлагос, Формула 1 шампионатот беше обвиен во вистинска драма околу легалноста на болидот на Мерцедес, што на крајот резултираше со одземање на пол-позицијата на Луис Хамилтон и казна од 50.000 евра за неговиот ривал за титулата, Макс Ферстапен, кој му го допираше болидот по петочните квалификации.
Во сенка на контроверзите, седумкратниот Формула 1 шампион, Хамилтон уште еднаш покажа дека е неверојатен талент зад воланот и ги замолчи критичарите, откако во саботната спринтерска трка во само 24 круга успеа да помине 15 болиди и да ја заврши трката на 5. место. Тој ќе ја стартува неделната трка од 10. место поради дополнителната казна од 5 места поради петто менување на моторот, и има тешка задача бидејќи Ферстапен сега има предност од 21 поен на четири трки на крајот.
По неверојатниот финиш, шефот на Мерцедес, Тото Волф не можеше да се возддржи од искажување на фрустрацијата порачувајќи му на Хамилтон: „Луис брилијанто завршена работа, ограничување на штетата. Е.и ги сите“.
Волф, кој инсистираше дека нивното задно крило не ги задоволувало регулативите за само 0.2 милиметри, вели дека пораката не била кон ФИА и стјуардите.
„Секако, не го мислев тоа кон правилата. Менталниот склоп кој го имаме значи дека понекогаш кога е тешко, треба да бидеш упорен и тоа го правиш со тоа да кажеш: е.и ги сите“, се правдаше Волф.
P20 ??? P5@LewisHamilton put on an overtaking show on Sat
Pourday!#BrazilGP ?? #F1Sprint pic.twitter.com/erH6WjvMIi
— Formula 1 (@F1) November 13, 2021
“It’s not over yet” – @LewisHamilton #BrazilGP ?? #F1Sprint pic.twitter.com/p0qn8PgRdX
— Formula 1 (@F1) November 13, 2021