Светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон ги победи возачите на Ред бул, Даниел Рикјардо и Макс Ферстапен за да биде најбрз на втората тренинг-сесија пред Шпанското ГП во Барселона.
Хамилтон и Рикјардо беа дел од возачите кои ги поставија своите најдобри времиња на мека гума, наместо на теоретски побрзата „супер-мека“. Ферстапен и Себастијан Фетел во Ферари возеа на супер-меки гуми, но беа на третото, односно четвртото место, со што не се доби најјасна слика пред саботните квалификации на патеката „Каталуња“.
Многу возачи се мачеа да ги загреат доволно супер-меките гуми за еден круг, така што најдобрите кругови не значат дека тие болиди беа најбрзи. Ова најавува потенцијално тесна борба за победа и се очекува Мерцедес и Ферари да имаат предност на квалификациите поради посилните мотори.
Ферари мора да се загрижени откако Кими Раиконен, кој постави шесто најбрзо време, се повлече во боксот со чад од задниот дел на болидот.
Шести најбрз на сесијата беше Роман Грожан во Хас пред Фернандо Алонсо во обновениот Мекларен, што може да е ветувачки резултат за Шпанецот, посебно бидејќи тој го постави најбрзиот круг на „средни“ гуми.
Фото: ЕПА
FP2 CLASSIFICATION@LewisHamilton on top, with @redbullracing breathing down his neck
This could get interesting ?#F1 ?? #SpanishGP pic.twitter.com/y0TkWzFVnq
— Formula 1 (@F1) May 11, 2018