Резултатите од зимското тестирање во Формула 1 ретко даваат слика за виситнскиот распоред на силите кога ќе почне сезоната, меѓутоа дури и светскиот шампион на Мерцедес, Луис Хамилтон призна дека ривалите од Ферари изгледаат бргу по два и пол дена тестирање во Барселона.
Ферари и минатата година имаа најбрзи резултати на тестирањето, но откако победија на првите две трки од сезоната, Мерцедес и Хамилтон на крајот лесно стигнаа до титулата. Хамилтон признава дека болидот на Ферари изгледа брзо, но тоа не значи дека уште сега ќе се прости од титулата.
„Не може да се постави цифра, но Ферари се многу, многу силни во моментов. Исто така имаат многу голема километража, што значи дека имаат подобар болид од лани и голем предизвик за нас. Ние во моментов го проучуваме нашиот болид, како и секоја година. Ферари изгледаа силно и претходните неколку години, така што тоа е очекувано. Сите работат напорно во овој дел од годината. Ние сме единствениот тим кој освоил титула под овие правила во Формула 1, така што сигурно дека сум постојано сигурен во мојот тим“, изјави Хамилтон.