Top Sport

Хамилтон сам си ги исклучил сопирачките пред да излета во Баку!

Светскиот шампион Луис Хамилтон признава дека самиот случајно ги исклучил своите сопирачки на Мерцедесот при рестартот во последните два круга на Азербејџанското ГП, по што заврши на 16. место.

Хамилтон имаше совршена шанса да ја искористи несреќата на ривалот за титулата, Макс Ферстапен, кому му се дупна задната гума на четири круга пред крајот на трката во Баку, а по повеќе од половина час се најде на стартот од втората позиција зад колегата на Ферстапен, Серхио Перез.

Тој успеа да дојде блиску до Мексиканецот на стартот, но потоа излезе надвор од патеката бидејќи случајно вклучил опција на болидот која практично го оставила без сопирачки. Тој заврши на 16. место и по низа од 54 трки, не освои поени во една Ф1 трка.

„Искрено, ова беше засрамувачки. Работевме напорно да се вратиме овој викенд. Изгледаше добро и се борев колку што можев денеска. На рестартот, мислам дека Чеко дојде кон мене и јас ја вклучив опцијата која практично ги исклучува сопирачките и затоа тргнав право. Навистина ми е жал за луѓето кои работеа напорно за овие поени, но ќе се вратиме посилни. За Макс исто така беше несреќно, но тоа е тоа“, изјави Хамилтон за „Скај спорт“ по трката.

За кое копче поточно се работи? Тоа е всушност опцијата „brake magic“ (магични сопирачки), со која се помага сопирачките да се загреат побргу со менување на подесувањето на сопирачките. Навистина лоша среќа.

Нова лудост во Баку! Перез до победа, Хамилтон се „самоуништи“!

Scroll to Top