Top Sport

Хамилтон се врати како најбрз на вториот тренинг во Сингапур

Луис Хамилтон ги врати Мерцедес на врвот на вториот тренинг пред Сингапур ГП трката, ставајќи крај на доминацијата на последните две трки на Ферари, додека зад него беше Макс Ферстапен во Ред бул со само две десетинки послабо време, додека Себастијан Фетел со Ферари беше трет со осум десетинки заостанување.

Ферстапен беше прв во првата сесија на патеката Марина Беј, но Хамилтон имаше најбрз круг од 1:38.773.

Колегата на Ферстапен од Ред бул, Александер Албон го скрши болидот на стартот на сесијата, по што влезе на 15 минути пред крајот на тренингот за да постави петто најбрзо време. Победникот од Спа и Монца, Шарл Леклер беше шести откако имаше доста проблеми со „гужвата“ на патеката, додека Валтери Ботас беше четврти. Мекларен исто така имаа добар старт, откако Карлос Саинс Јуниор (7) и Лендо Норис (9) беа во топ 10, како и Нико Хилкенберг за Рено на 8. позиција.

Scroll to Top