Top Sport

Хамилтон се „загреа“ за титула со најбрзо време на вториот американски тренинг

Актуелниот светски шампион Луис Хамилтон постави неочекувано најдобро време на вториот тренинг пред Американското ГП во Остин, поставувајќи 1:33.232 во текот на 90-минутната сесија.

Хамилтон, кому во недела му е потребна осма позиција за да ја освои титулата без разлика на тоа дали неговиот колега Валтери Ботас ќе победи, беше за 0.301 секунди пред асот на Ферари, Шарл Леклер, додека Макс Ферстапен во Ред бул, кој го постави најдоброто време во втората сесија, заостана 0.315 секунди.

Ботас, на патеката на која никогаш не бил ниту на подиумот, беше само петти со 0.813 секунди заостанување, зад Себастијан Фетел, кој за малку ќе излеташе во 15-тата кривина при симулацијата на трка. Александер Албон беше шести за Ред бул, пред Пјер Гасли во Ред бул, а Карлос Саинс беше осми за Мекларен пред Ленс Строл (Торо росо) и Антонио Џовинаци (Алфа Ромео).

Тимовите продолжија со тестирањето на „Ц4“ гумите на Пирели за 2020 година во дел од сесијата – секој возач имаше по два сета гуми покрај вообичаениот избор.

Scroll to Top