Top Sport

Хамилтон со бразилската пол-позиција, Фетел само предупреден од стјуардите

Светскиот шампион во Ф1, Луис Хамилтон ја освои 100. пол-позиција за Мерцедес на Бразилското ГП во Интерлагос, додека Себастијан Фетел во Ферари успеа да го задржи второто место иако беше повикан кај стјуардите и помина само со предупредување по инцидентот при мерењето на болидот.

Дождливата пол-позиција во Сао Пауло е рекордна 82. во кариерата на Хамилтон и 10. оваа сезона во која тој ја освои својата петта светска титула. Мерцедес ќе ја освојат и титулата во пласман на конструктори во недела, освен ако Ферари не успее да освои 13 поени повеќе од нив.

Валтери Ботас, колегата на Хамилтон, ќе стартува како трет, пред својот фински сонародник Кими Раиконен во Ферари.

Фетел пак, беше повикан да се „објасни“ со стјуардите откако го мереше болидот во втората фаза пред да почне дождот. Возачот на Ферари ја „прегази“ рампата и гестикулираше луто да се побрза со мерењето пред да си замине. ФИА официјално преку соопштение призна дека вагата е „уништена“. Фетел беше казнет со 25.000 евра за инцидентот.

Scroll to Top