Top Sport

Солари: Серхио Рамос е храбар и чесен човек

Преодниот тренер на Реал Мадрид, Сантијаго Солари застана во одбрана на капитенот Серхио Рамос, по уште еден неспортски гест на дефанзивецот оваа недела, откако го удри со лакт дефанзивецот на Викторија Плзен, Милан Хавел, оставајќи го раскрварен нос.

Дуелот за топката во мечот од Лигата на шампионите не заврши најдобро за Хавел, по што Рамос тврдеше дека се работи за случаен инцидент и Солари му верува.

„Рамос е храбар и чесен човек. Сите кои играме фудбал знаеме дека се работи за спорт со контакт, за мажи кои се борат за топка на земја или во воздух. Немаше лоша намера. Ничиј нос не е толку кршен како тој на Рамос. Тој знае што значи да си фудбалер. Тој секогаш игра фер“, вели Солари.

32-годишниот Рамос е вклучен во многу слични инциденти во својата кариера, од кои последниот против Мохамед Салах од Ливерпул во финалето на Лигата на шампионите во мај, кога го измести рамото на Египќанецот.

Рамос пак во елемент – го „утепа“ Хавел и не доби жолт (видео)

Scroll to Top