Top Sport

Хамилтон со триумф на „Хунгароринг“, го стигна рекордот на Шумахер на патеката

Британскиот возач Луис Хамилтон со Мерцедес е победник на третата сезонска трка во Формула 1. Предмалку Британецот по осми пат триумфираше на патеката „Хунгароринг“ во трката за Големата награда на Унгарија.

Зад него, на втората позиција трката ја заврши Макс Ферстапен од Ред Бул, а трет низ стартно-целната ранина на крајот помина Валтери Ботас од Мерцедес.

Ленс Строл од Рејсинг поинт беше четврти денеска, а петтата позиција му припадна на Алекс Албон од Ред Бул.
Возачите на Ферари и денеска имаа лош настап.

Себастијан Фетел заврши на шестото место, а Шарл Леклер беше единаесетти.

По денешната трка, Хамилтон се израмни со Михаел Шумахер по бројот на остварени победи на патеката во Унгарија, двајцата имаат по 8.

Следна цел на Британецот е да го достигне остварувањето на Германецот од 81 победа во Формула 1. Тој со денешниот триумф стигна до бројка од 75.

Тука не завршува трката меѓу двата возачи, едниот актуелен, другиот поранешен.

Шумахер во кариерата имаше 7 титули светски шампион во Ф1, а Британецот досега има 6. Сезонава вози и за израмнување на тој рекорд.

Scroll to Top