Top Sport

Хансен заработува најмногу, пa Линдберг и Абало, Лазаров е 14-ти на листата

Ракометот изминатите години стана еден од спортовите во кој драстично пораснаа финансиските вложувања.
„Sportekz“ ја презентира листата на 20 најплатени ракометари во 2020-та.

Според информациите, Данецот Микел Хансен е далеку најплатениот светски ракометар. Во ПСЖ неговата годишна плата изнесува 2.5 милиони евра или месечно на неговата сметка легнуваат по 120.000 евра.

Втор на листата е неговиот сонародник, Ханс Линдбер од Фуксе Берлин. Крилото има годишна плата од 1.55 милиони или 100.000 евра месечно.

Трет на листата е Французинот Лук Абало од ПСЖ. Тој годишно инкасира по 1.25 милиони евра.

Во првата десетка според заработувачката има место за Мишел Гигу (Монпелје), Никлас Ландин (Кил), Алекс Гомез (Барселона), Аитор Арињо (Барселона), Раул Ентрериос (Барселона), Гудјон Валур Сигурдсон (ПСЖ) и Лука Карабатиќ (ПСЖ).

Македонскиот ракометен капитен, Кире Лазаров (Нант) е 14-ти на оваа листа со годишна заработувачка од 500.000 евра.

Scroll to Top