Top Sport

Хамилтон супериорно до пол-позицијата во Монако, ново фијаско за Ферари

Светскиот шампион и лидер во генерален пласман, Луис Хамилтон им донесе емотивна пол-позиција на Мерцедес на Монако ГП трката, а покрај себе ќе го има својот колега Валтери Ботас на стартот во нова доминација на „сребрената стрела“.

Пол-позицијата, рекордна 85. во кариерата на Хамилтон доаѓа во време кога Мерцедес, но и целата Ф1 се во тага по смртта на трикратниот шампион Ники Лауда во понеделникот. Лауда беше нивни не-извршен директор.

За Ферари продолжува кошмарниот старт на сезоната – Макс Ферстапен беше трет за Ред бул, пред Себастијан Фетел, додека Шарл Леклер ќе стартува од 16. место на својата домашна трка, по катастрофалната стратешка грешка на Скудерија – Леклер не успеа да ги мине првите квалификации откако беше најбрз на последниот тренинг.

Scroll to Top