Top Sport

Кој и да победи во Копа дел реј, Мурилјо ќе биде шампион!

Пред вечерашното финале на Копа дел реј помеѓу Барселона и Валенсија, еден човек е сигурно шампион – Колумбиецот Хеисон Мурилјо.

Мурилјо направи трансфер во јануари од Валенсија во Барселона, но претходно одигра еден дуел од 1/64 финалето на кралскиот куп против Ебро во октомври (2:1 за Валенсија), по што откако замина за Каталонија, играше против Леванте во 1/8 финалето, кога Барса загуби со 2:1, пред дома да победи со 3:0. Ова значи дека тој ќе добие шампионски медал без разлика на тоа кој ќе победи.

Интересно, ова ќе биде трета титула за него во Шпанија, откако ја освои титулата во Ла лига со Барселона, а со Кадиз претходно ја освои титулата од Сегунда Б.

Scroll to Top