Пилотот на Мерцедес Луис Хамилтон (34), шампионот на последната сезона во Ф1 циркусот отворено зборува зошто му е тешко да ги одржува личните односи паралелно со настапите во Формула 1.
„Генерално, сè е исто за нас како и за другите спортисти. Разликите се во тоа што мора да патуваме многу, многу време сме надвор од куќата. Во вакви услови е уште потешко да се одржат односите, ако тие не се идеални на почеток. Секој има свој случај. Кога гледаме за други спортисти, гледаме дека сите сме многу слични. Има такви што се справуваат, има спортисти кои живеат обичен живот, паралелно со спортот. Многу е тешко ако имате цел и ако сакате да сте што поконкурентен, мора да се биде 100% посветени на каузата. Се зависи од тоа какви жртви сакате да дадете за да успеете“ – вели Луис Хамилтон.
Британецот годинава ја освои својата 6. титула светски шампион во Формула 1, и само една го дели од Михаел Шумахер.