Top Sport

Ѓорѓевиќ го тужи Панатинаикос за 350.000 евра

Екс-селекторот на кошаркарската селекција на Србија, Александар Ѓорѓевиќ го тужи грчки Панатинаикос. Како што пренесува српски „Телеграф“.

Ѓорѓевиќ бара од грчкиот кошаркарски клуб 350.000 евра по отказот што го доби, а не му беше исплатена половина од договорената сума. Договорот бил постигнат парите да му бидат исплатени на 17 рати, но клубот од Атина, по шестата рата престанал со исплатите.

Напомош на Ѓорѓевиќ ќе му дојде правниот тим од неговиот актуелен клуб, Виртус Болоња, а за целата ситуација била известена и ФИБА.

Ѓорѓевиќ потпиша двегодишен договор со „детелинките“ во 2015, но по неполна сезона, заработи отказ.

Scroll to Top