Првиот круг на легендарната патека Спа во Белгија повторно не разочара, откако Фернандо Алонсо беше вклучен во спектакуларен судир, откако неговиот болид прелета над Шарл Леклер во Заубер, но за среќа никој не беше повреден.
Алонсо беше удрен одзади од Нико Хилкенберг во Рено, кој според првата проценка е виновник за хаосот.
По хаосот на патеката излезе безбедносното возило, но пред тоа да се случи, Луис Хамилтон со својот Мерцедес ја загуби првата позиција од Себастијан Фетел во Ферари.