Кевин Харвик е победник на петтата трка во Наскар шампионатот. Трката во Дарлингтон е првата која се возеше по паузата која настана поради пандемијата што ја предизвика вирусот ковид-19.

Трката на која победи Харвик беше наречена „Висински херои“, бидејќи возачите на Наскар се првите спортисти во САД кои се вратија на своите редовни активности по пауза од два месеци.

Харвик победи пред Алекс Боуман и Курт Баш.

Наредната трката на програмата ќе биде во ноќта помеѓу среда и четврток. Наскар повторно ќе се вози во Дарлингтон.