Top Sport

Гладни за фудбал – Бундеслигата руши ТВ-рекорди

Колку на луѓето им недостасуваше фудбалот за време на корона-кризата најдобро покажуваат последните цифри за гледаност на Бундеслигата, првата голема европска лига која се врати на програмата.

Германската „Скај“ потврди дека мечевите кои се прикажуваа во 15.30 часот во саботата, имале 3.68 милиони гледачи кои го платиле задоволството или 27.4 отсто од сите германски гелдачи, и дополнителни 2.45 милиони гледачи на слободните програми (18.2 отсто од сите гледачи). Бесплатните мечеви ќе бидат достапни само во првите две кола од Бундеслигата.

Саботниот меч од 18.30 помеѓу Ајнтрахт Франкфурт и Борусија Менхенгладбах пак, привлече 740.000 гледачи.

„Конечно, фудбал! Благодарни сме на милионите кои не гледаа“, изјави Жак Рејно, маркетинг-директорот на „Скај“ Германија.

Scroll to Top