Top Sport

Хас Ф1 доби дозвола да настапува со руско знаме на болидот

Светската анти-допинг агенција (ВАДА) ја заврши истрагата околу боите на шасијата на болидот на Хас Ф1 и нема да забрани на американскиот тим да вози со боите на руското знаме, кое е официјално забрането на спортските натпреварувања по допинг-суспензијата за сите руски спортисти.

Хас Ф1 го презентираше болидот на 4 март, а бидејќи главен спонзор им е руската компанија „Уралкали“ на милијардерот Дмитриј Мазепин, татко на возачот на тимот, Никита Мазепин. 22-годишниот Мазепин ќе дебитира во Формула 1, заедно со својот колега, Мик Шумахер, синот на легендарниот седумкратен шампион Михаел Шумахер.

Интернационалната автомобилска федерација (ФИА) даде зелено светло за шасијата на Хас, додека шефот на тимот, Гинтер Штајнер изјави дека одлуката за шасијата била направена лани пред санкциите на ВАДА кои беа потврдени на 17 декември. Руските спортисти не смеат да учествуваат на ниту едно интернационално натпреварување под името Русија, со руската химна и со руското знаме во следните две години.

Кога спонзор ти е компанија за ѓубриво – Хас со руско знаме на болидот!

Scroll to Top