Top Sport

Хас Ф1 први го претставија болидот за 2019 (галерија)

Единствениот американски Формула 1 тим, Хас Ф1 го презентираше својот нов болид за 2019 со прекрасна црно-златна шасија поради новиот спонзор. Хас формално го презема името Рич Енерџи Хас Ф1 во соработка со британската компанија за производство на енергетски пијалоци.

Тимот ги претстави новите бои на презентација во Лондон во четвртокот користејќи болид од 2018 година, но потоа ги објави првите фотографии на ВФ-19 болидот.

ВФ-18 е целосно редизајниран болид, но деталите околу иновациите тешко се утврдуваат поради црната позадина на фотографиите и црниот болид. Сепак, јасно се гледа поедноставеното предно крило, кое сега има пет елементи и е за 20 сантиметри пошироко и 20 сантиметри повисоко, и задното крило, кое е на 20 сантиметри повисоко и 10 сантиметри пошироко.

„Ова е времето во сезоната кога се надевате дека го погодивте дизајнот и дека неднаш ќе сте брзи. Нашата цел е да се победува Ред бул и да се бориме за топ 5 пласман повторно“, вели сопственикот на тимот, Џин Хас.

Минатата сезона тие завршија на петтото место во генерален пласман, најдобар резултат во кратката историја на тимот. Возачкото дуо останува истото од минатата сезона, Французинот Роман Грожан и Данецот Кевин Магнусен.

Scroll to Top