Top Sport

Валери Божинов го заврте кругот, па се врати во Бугарија, во Левски

Бугарскиот фудбалски репрезентативец, напаѓачот Валери Божинов (33) кој играше во голем број еминентни европски клубови го заврте кругот и повторно се врати во родната земја, конкретно во Левски од Софија, вториот најтрофеен клуб во Бугарија.

Божинов професионалната кариера ја започна играјќи во Италија, во тимовите на Лече, Фиорентина, Јувентус, Парма, Верона, Виченца и Тернана. Беше член и на лисабонски Спортинг и на Манчестер Сити во Англија, а во 2015 година играше и во белградски Партизан.

Кариерата на Бугаринот потоа продолжи во Кина, па во Швајцарија, каде играше за Лозана, а беше дел и од хрватскиот тим Ријека.

По фудбалската екскурзија се врати во татковината, најпрво во тимот на Ботев, а сега и во Левски. За селекцијата на Бугарија има одиграно 43 меча на кои постигнал 6 гола.

Scroll to Top