Top Sport

Хил: Леклер да пази со критиките за Ферари, може да му се случи истото како на Прост

Светскиот шампион од 1996 година, Дејмон Хил го предупреди Шарл Леклер да не го критикува Ферари отворено по разочарувачката трка во Монако, бидејќи така може да наштети на тимот.

„Клетвата“ на Леклер на домашната трка во Монако продолжи во неделата, кога беше сигурно на првото место од пол-позицијата, по што поради тактичка грешка со влегувањата во боксот, тој заврши на четвртото место, а Серхио Перез во Ред бул стигна до голема неочекувана победа.

Леклер врескаше во радиото: „Што правите!“, а по крајот на трката изјави дека се прават премногу грешки. Хил вели дека ја разбира фрустрацијата, но дека некои работи треба да ги заддржи за самиот себе.

„Да, може да биде лут, посебно бидејќи беше на пол-позицијата и доаѓа од Монако. Во Ферари го разбираат тоа, но ако продолжиш да го критикуваш сопствениот тим цела сезона, можеш само да наштетиш. Ако реши да оди против Ферари, Ферари секогаш ќе победува, како со Алан Прост. Затоа е потребна поголема дипломатија од негова страна“, вели Хил.

Тој посочува на случајот на четирикратниот шампион Алан Прост, кој беше отпуштен од Ферари по крајот на сезоната во 1991 откако имаше само пет подиуми и заврши зад шампионот Аиртон Сена. Французинот беше лут што му избега титулата во 1990, по што паузираше во 1992, пред да се врати во Ф1 со Вилијамс во 1993 година.

Ферари протестираат за подиумот на Ферстапен, Леклер „нема зборови“

Scroll to Top