Top Sport

Шакира и Пике пред разделба? Фудбалерот на Барса „фатен“ во неверство

Шпанските таблоиди тврдат дека долгата љубовна врска помеѓу ѕвездата на Барселона, Жерард Пике и колумбиската поп-дива, Шакира е завршена, откако Пике бил фатен во неверство.

Според весникот „Ел Периодико“, Шакира дознала за неверството на Пике, по што тој живее сам во стан во центарот на Барселона, каде што честопати бил виден на ноќни забави со соиграчот Рики Пуиг.

Пике и Шакира беа заедно од 2011 година и иако не се во брак, имаат две деца заедно – деветгодишниот син Милан и седумгодишната ќерка Саша. Тие се сретнаа за време на снимањето на песната „Вака Вака“ на Шакира како официјална химна на Светското првенство во 2012 година.

Scroll to Top