Top Sport

Роналдо во избор за најдобар играч во ПЛ, тројца од Ливерпул, само еден од Сити!

И покрај тоа што Манчестер јунајтед ја имаа најлошата сезона во историјата на Премиерлигата (од 1992), Кристијано Роналдо се најде на скратениот список од шест фудбалери за избор за најобриот во сезоната 2021/22 покрај тројца фудбалери на Ливерпул и само еден од шампионите Манчестер сити.

37-годишниот Роналдо имаше 18 гола и 3 асистенции во Премиерлигата за Јунајтед, што беше доволно да влезе во изборот на Асоцијацијата на играчи во ПЛ (ПФА). Градските ривали Сити, и покрај тоа што станаа шампиони го имаат само Кевин де Брујне на листата, иако Белгиецот е двократен освојувач на наградата (2020 и 2021).

На листата е и Хери Кејн по солидната сезона со Тотенхем, но и дури тројца играчи на Ливерпул – Виргил ван Дајк, Садио Мане и Мохамед Салах. Ливерпул беа на добар пат да освојат историска четирикратна титула, но на крајот ги освоиј титулите од ФА купот и Лига купот.

Scroll to Top