Top Sport

Хорхе Мартин ќе ја напушти Априлија

Денес, светскиот шампион се огласи на „Инстаграм“ и предизвика „земјотрес“ во Мото ГП светот со две објави.

Накратко. ова е првата и последна сезона на Хорхе Мартин во Априлија, во која минатата зима ја донесе титулата светски шампион во „кралската класа“, освоена на Прамак Дукати.

Сепак, започна лошо од првиот ден и, очигледно, нема да заврши поинаку.

„Поздрав до сите,

Сакам да им понудам на сите фанови, медиуми и луѓе кои ја следат мојата кариера јасно објаснување за мојата моментална ситуација со Априлија.

Во ниту еден момент не го прекршив договорот. Кога го потпишавме, се согласив со Априлија дека, доколку не се исполнат одредени услови, го задржувам правото да донесам одлука за мојата иднина за 2026 година.

Ова беше клучен услов за мене да го прифатам договорот што тогаш ми го понудија. Кога донесов одлука да го сменам тимот минатата година, едено од моите барања беше да имам можност да го тестирам моторот во реални услови и да се запознаам со тимот и неговата методологија на работа. На тој начин, би се чувствувал конфорно да потпишам двегодишен договор наместо едногодишен. Затоа ја вклучивме таа клаузула.

Соочен со ситуација во која морам да донесам одлука на датумот наведен во договорот, решив да го искористам моето право да се ослободам од обврските од договорот за сезоната 2026. Секогаш го правев ова со почит, јасно и со единствена намера да ја преземам контролата врз мојата иднина како професионален спортист.

За жал, околностите што произлегоа од падовите, иако е вистина дека не влијаат на она што го договоривме, ја условија оваа фаза. Затоа секогаш бев отворен за дијалог со Априлија за да можеме да го продолжиме овој период на одреден број трки по моето враќање во натпреварувањето. Целта е двете страни да можат да си дадат втора шанса и да се чувствуваат удобно пред да донесат одлука во 2026 година.

Секогаш сум бил искрен со Априлија, секогаш сум го ценел моторот, тимот и напорите на сите луѓе кои се дел од проектот. Единственото нешто што го барам е да се почитува мојата волја и духот на она што го договоривме со Априлија.

Нема конфликт, нема осуда. Само сакам да можам да гледам напред со јасна визија, по многу тежок период и многу сериозна повреда, и да продолжам да давам се од себе на и надвор од патеката.

Ви благодарам на сите за вашето разбирање и почит“, се вели во соопштението потпишано кратко со:

Хорхе Мартин

Scroll to Top