Top Sport

Хорнер: Луис постојано го провоцира Макс, но нему не му е грижа

Шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер го обвини Луис Хамилтон дека постојано го провоцира Макс Ферстапен во борбата за титулата, но дека на неговиот возач воопшто не му е грижа.

Војната на зборовите меѓу двата тима дојде во нова димензија во последните неколку трки, посебно на шефовите на тимовите Хорнер и Тото Волф, што дури и Алан Прост неодамна ги предупреди дека претерале.

Сега, Хорнер вели дека Хамилтон се обидува да изнуди реакција од Хамилтон со коментарите кои ги дава во медиумите.

„Луис постојано има такви мали боцки и провокации, но големата работа кај Макс е што воопшто не му грижа. Тој е тој кој што е, човек што вози брзо. И потоа сака да оди дома и да игра Плејстејшн. Толку е едноставно“, вели Хорнер во интервју за „Телеграф“.

Ферстапен има 8 поени предност пред Хамилтон пред двете последни трки од сезоната – овој викенд во Саудиска Арабија и следниот ивкенд во Абу Даби во најнеизвесната година во Ф1 по подолго време.

Scroll to Top