Top Sport

Ич не се трпат! Матераци одговори на провокацијата од Златан со две фотографии

Поранешниот дефанзивец на Интер, Марко Матераци одговори на интервјуто на Златан Ибрахимовиќ потсетувајќи го ривалот со трофеите од Светското првенство и Лигата на шампионите.

Ибрахимовиќ пред објавувањето на автобиографијата „Адреналин“, во интервју за „Ла газета дело спорт“ се потсети на судирите со поранешниот соиграч Матераци.

„Матераци ќе те фаулираше одзади само за да те повреди, а сите фудбалери знаат кога некој игра цврсто како Кјелини, Јап Стам или Паоло Малдини, а кога некој оди да те повреди. Имав незавршена работа со Матераци со години. Да, му вратив на дербито. Летна со нозете нагоре, скокнав да го избегнам и му дадов лакт“, изјави Ибрахимовиќ.

Матераци очигледно го прочита интервјуто и одговори со твит со трофеите кои недостасуваат во кариерата на Ибрахимовиќ.

„Тивок пост“, напиша Матераци.

Ибрахимовиќ раскажал како го испратил Матераци в болница

Матераци пак го провоцира Ибра: Можеш ли вака? (видео)

Матераци му врати на Златан: Да не заминеше, немаше да победиме! (видео)

Scroll to Top