Top Sport

Хорнер сега тврди дека болидот на Мерцедес „изгледа легално“

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер ги повлече тврдењата дека ривалите од Мерцедес имаат „нелегални крила“ на својот нов болид кој предизвика огромно внимание на вториот тест пред новата сезона во Бахреин.

Фокусот на болидот на „сребрената стрела“ се непостоечките странични крила, кои вообичаено се користат за подобрување на протокот на воздухот и добивање на брзина. Во четвртокот Хорнер изјави дека Мерцедес „претерале“ и дека се во спротивност со „духот на регулативите“.

Сега, 24 часа подоцна, тој демантира дека тврдел дека Мерцедес ги прекршиле правилата.

„Беа објавени коментари кои не ги направив. Очигледно, Мерцедес имаат екстремно различна интерпретација на правилата, но да се одговори дали е легален, тоа е работа на ФИА и очигледно се работело според регулативите“, вели Хорнер.

Иако изјавата на Хорнер најавува дека нема да има протест, Мерцедес би можеле да бидат приморени да направат промени на правилата ако 8 од 10-те Ф1 тима, таканареченото „супер-мнозинство“ одлучи дека е прекршен „духот на регулативите“.

Радикалниот дизајн на Мерцедес ги плаши ривалите пред новата сезона

Scroll to Top