Top Sport

Хорнер за Фетел: Да не заборавиме има празно место во Мерцедес

Шефот на Ред бул рејсинг, Кристијан Хорнер ги зголеми шпекулациите дека Себастијан Фетел ќе се приклучи на Мерцедес во 2021 година, иако призна дека е можно човекот со кого освоија четири титули во низа со „бикот“ да замине во пензија.

„Би било штета Себастијан да замине од Формула 1, но тој веќе имаше неверојатна кариера. Оствари огромен успех и познавајќи го, сигурен сум дека добро размислил за иднината. Се работи за морален човек со високи квалитети и само тој знае што ќе прави во иднина. Ако сака да продолжи, сигурно има опции. Да не заборавиме дека има празно место во Мерцедес следната година, иако не знам како би се вклопил таму“, вели Хорнер.

Фетел помалку неочекувано реши да се раздели со Ферари на крајот на сезоната, а шпекулациите дека ќе замине во Мекларен беа поништени кога неговиот поранешен колега Даниел Рикардо потпиша за британскиот тим. Потоа, шефот на Мерцедес, Тото Волф призна дека „нормално“ е да следат што се случува на пазарот на возачи, посебно бидејќи договорите на возачите на тимот, Луис Хамилтон и Валтери Ботас завршуваат на крајот на 2020.

Scroll to Top