Top Sport

Ковачиќ: Лампард може да ме направи ѕвезда во Челси

Фудбалерот од средниот ред на Челси, Матео Ковачиќ смета дека има совршен менаџер во Френк Лампард, кој може да му помогне да ги поправи работите кои му недостасуваат во играта и да го направи ѕвезда на „Стемфорд бриџ“.

Најголемиот проблем на хрватскиот репрезентативец е недостатокот на голови и 26-годишниот Ковачиќ не постигна гол во сезоната на позајмица (2018/19), иако направи доволно Челси да го купат од Реал Мадрид.

Оваа сезона, тој има два постигнати гола, но вкупната статистика не е најдобра – 21 гол во 367 клупски настапи. Тој смета дека Лампард, кој имаше 211 голови за Челси е човекот за да се реши овој проблем.

„Имавме доволно добра сезона со Маурицио Сари, ја освоивме Лига Европа, но потоа дојде Френк Лампард. Мислам дека веднаш имаше многу добро чувство меѓу нас, ми се допаѓаа неговите тренинзи, неговиот карактер, неговите односи со нас. Мислам дека можам од него да научам многу, посебно во постигнувањето голови и во директната игра, каде што Лампард беше фантастичен“, вели Ковачиќ.

Scroll to Top