Top Sport

Мекгрегор добива шанса за титула против Усман? (видео)

Конор Мекгрегор добива шанса да влезе во историјата на УФЦ, откако му беше понуден обид за титулата во велтер категорија против шампионот Камару Усман.

Ирецот, кој беше првиот фајтер кој имаше две титули во различни тежински категории во исто време, сега може да стане првиот човек во УФЦ со титули во три тежински категории. 31-годишниот Мекгрегор, кој е ексшампион во перо и лесна категорија, се врати во УФЦ октагонот во јануари со победа над Доналд Серон по само 40 секунди.

Тој очекуваше дуел со Хорхе Масвидал, но тој се реши за ри-меч со Нејт Дијаз, по што менаџерот на Усман, Али Абделазиз му понуди на Мекгрегор пресметка со Нигериецот, кој има 16-1 скор, очекувајќи да не изддржи повеќе од две рунди.

„Изгледа дека првиот предизвикувач сака меч со Нејт Дијаз. Добро за него. ’Ноториус’ сакаш ли меч за титула? Усман ќе ти даде шанса и нема да изддржиш повеќе од две рунди“, напиша Абделазиз.

33-годишниот Усман ја освои титулата во март 2019 со победа на поени над Тајрон Вудли, по што го нокаутираше Колби Ковингтон во првата одбрана во декември. Мекгрегор има само три меча во велтер категорија, каде што ги победи Дијаз и Серон, но имаше и пораз од Дијаз во првиот меч.

Scroll to Top