Трките во САД, Бразил и Обединетите Арапски Емирати веројатно ќе бидат последните за Германецот Нико Хулкенберг во неговата Формула 1 кариера. Екипата на Рено потврди дека наредната сезона покрај Даниел Рикардо во тимот ќе вози и Естебан Окон.
Единствена шанса да остане во Формула 1 за Хулкенберг е евентуалниот повик од Ред Бул кој како стојат работите нема да го добие. Најверојатно Ред Бул вториот возач ќе го бараат во своите редови.
Прв возач ќе биде Макс Ферстапен, а еден од овие тројца, Александер Алабон, Пјер Гасли или Данил Квјат ќе биде негов партнер.