Top Sport

Удинезе му врачија отказ на Тудор

Игор Тудор повеќе не е тренер на Удинезе, соопштија од клубот чии дрес го носи македонскиот репрезентативец Илија Несторовски.

Италијанските медиуми во текот на вчерашниот ден најавија ваков развој на настаните. Хрватот заминува поради двата тешки порази во Серија А, од Аталанта (7:10 и Рома (4:0).

Како најсериозен кандидат за наследник на Тудор се споменува Џенаро Гатузо, додека некои медиуми во Италија шпекулираат и со името на Франческо Гвидолин.

По 10 рунди во Серија Удинезе се наоѓа на 14 место со десет бода. Викендов екипата од Удине ќе гостува кај Џенова.

Scroll to Top