Top Sport

Ањели предупредил шестмина – играјте или одете си

Кризни состаноци, по поразот од Верона (2:1) деновиве се редовна појава во фудбалскиот клуб Јувентус. Клубот кој осум години е недопирлив за конкурентите во Италија не е навикнат во овој дел од сезоната да нема никаква предност во однос на ривалите.

Табелата во Серија А вели дека Интер и Јувентус се лидери со 54 бода, а со бод помалку зад нив е Лацио.

Поразот од Верона ги вклучи сите аларми во клубот, најмногу поради неубедливата игра што ја прикажуваат фудбалерите на „старата дама“ под водство на Маурицо Сари.

Челниците на клубот, а особено претседателот Андреа Ањели, биле незадоволни од формата во која се наоѓаат неколку фудбалери.

Според италијанските медиуми Ањели имал средба со играчите во клупскиот тренинг-центар. Медиумите шпекулираат дека тој предупредил неколкумина дека доколку не се вратат во вистинската форма дека по завршувањето на сезоната ќе бидат ставени на трансфер-листата.

До крајот на сезоната клубот будно ќе ги следи Миралм Пјаниќ, Блез Матуиди, Фернандо Бернанрдески, Даглас Кошта, Алекс Сандро и Гонзало Игуаин.

Scroll to Top